Прва продажна изложба



На 23.6.2017 се случи официјалното отворање на Летниот Културен центар „Кита“ во кичевското кале при што Кичево доби одлично место за креативно изразување благодарение на Центарот за истражување и развој на општеството „Визио“. 
Заедно со Клопче имавме можност да ги претставиме нашите досегашни рачни изработки пред присутните посетители и истовремено да се забавуваме на диџеј сетот на Robotnix, пред тоа го погледнавме документариот филм David Bowie- Five Years, уште пред тоа членовите од кичевскиот млад и надежен бенд Каин ни претставија дел од нивниот прв албум „Под ова сонце ладно е“ и ни најавија за скоро концертна промоција која одвај ја чекаме, a на самиот почеток можевме да погледнеме фотографии од калето низ годините.
Се надевам дека местово на сите ќе ни биде инспирација и поттик за повеќе креативни собири.







преземено од Визио


Повеќе фотографии на линковите:
Летен Културен Центар „Кита“
Vselena Handmades



0 comments :

Post a Comment

Thank you for reading my blog, feel free to leave a comment before you go!

 

Contact

Name

Email *

Message *

Thank you for visiting...

Like Vselena on Facebook