Припремајќи ја објавава и работејќи на овој брош по нарачка кој ќе биде подарен на една мала принцеза, наидов на интересен напис за еволуцијата на бебешките колички.
Кој го измислил ова помагало без кое денес ниеден млад родител не може да се замисли и како еволуирало низ годините може да прочитате подолу.
Но најпрво брошот.
Изработено по нарачка Custom made
полимерна глина polymer clay
3,5/4 cm 3.5/4 cm
Бебешките колички низ годините
Во 1733 архитектот за надворешно уредување Вилијам Кент, за полесен транспорт на децата на војвотката од Девоншир ја измисл првата количка. Најважната примена не бил транспортот туку да им биде забавно на малите. Дизајнот бил во облик на школка, на предниот дел имало прикачено јамка на која биле впрегнати кози, кучиња или мали коњи.
Photo Credit: Devonshire Collection, Chatsworth. Reproduced by permission of Chatsworth Settlement Trustees |
Количката на Кент била луксуз кој само високата класа можела да си го дозволи, така во средината на илјада осумстотата година биле создадени колички подостапни за обичните родители. Првобитниот дизајн на Кент бил модифициран со додавање на рачки при што самите родителите ги влечеле количките, но овие колички биле многу небезбедни и често се случувало паѓање на децата.
Подоцна, американскиот иноватор Чарлс Бартон го изменил дизајнот, наместо со влечење, ги поставил рачките така што родителите би ја туркале количката пред нив. Но ова во почетокот не било прифатено во САД бидејќи неискусните родители често се судрувале со обичните пешаци, затоа тој го однесол изумот во Англија каде наишол на одличен прием од членовите на кралското семејство, а 1852 година ја патентирал под името perambulator (pram).
Во доцните 1800, Вилијам С. Ричардсон, ја патентирал пофункционалната количка која била полесна за управување бидејќи тркалата можеле да се движат независно едно од друго, исто така ја направил колепката поудобна со можност да се постави или внатре или надвор.
По завршувањето на првата светска војна, се посветило големо внимание на опремување со безбедносна опрема која и ден денес се наоѓа во модерните колички. Биле поставени прегради кои не им дозволувале на децата да избегаат, рамката била пообемна, а нивото поспуштено за во случај да се слизне малото да не дојде до сериозна повреда.
Во триесетите години, скапите материјали за изработка биле заменети со поевтини (гума, пластика, хром). Со евтините материјали и побезбедниот дизајн количките станале широко достапни, модерни и must have за младите родители.
1950 Photo Credit: Terry Fincher |
Photo Credit: Maclaren |
Во 1984 година новинарот Фил Беклер ја измислил џогинг количката бидејќи сакал да поминува повеќе време со својот син, но не сакал да го напушти своето омилено хоби. За да се намалат ударите и потресите од брзината и земјените патеки каде што трчал, стандардните тркала ги заменил со тркала од велосипед, a за да се постигне поголема стабилност и зафатнина поздоцна биле создадени колички со три тркала.
Photo Credit: Baby Jogger
|
Photo Credit: Baby Jogger |
Денес на пазарот се достапни илјадници модели и дизајни на колички, со различни цени . Може да се најдат колички со цени под 100$, но и такви кои достигнуваат цена над 3000$.
Кога сме кај скапите колички на сликата подолу, лево, се наоѓа ролс ројсот помеѓу количките, која принцот Вилијам и Кејт ја купиле за нивниот син Чарлс. Од десната страна се наоѓа ограничената серија на елитни колички Астон Мартин (има само 800 од нив), произведена од оној истоимен производител на скапи автомобили во соработка со Silver Cross.
преземено од whattoexpect.com
Најновиот модерен и кул тренд што веќе зазема замав во западно-европските држави се количките Taga. Мултифункционалниот дизајн инспириран од холандските карго велосипеди ги комбинира возењето велосипед и функционалноста на премиум количките така што го прави секое возење забавно и едноставно. Опцијата за менување од велосипедски режим до обична количка се прави за триесетина секунди што овозможува лесно прилагодување според потребите.
www.tagabikes.com |
0 comments :
Post a Comment
Thank you for reading my blog, feel free to leave a comment before you go!